Точно пред 70 години во Моклиште бугарскиот фашистички окупатор стрела 12 младинци од селото Ваташа. Сите актвино вклучени во помагање на партизаните и активностите за слободна држава.
Роднини на загинатите, претставници на општествено политичкиот живот, претставници на републичкиот и општинскиот сојуз на борци положија свежо цвеќе на споменикот во Моклиште.
Преживеаните сведоци од ваташкиот масакр упатија кратка порака, “да ја негуваме слободата и никогаш да не се повтори ѕверското дивеење и убивање“.
„На денешен ден пред 70 години овде се случи големо беззаконие и невиден злостор. Бугарската фашистичка солдатеска, без судење ги измасакрира младинците. За да се застраши народот злосторот беше ивршен на најварварски начин. Младинците се убиени пред нивните помали браќа и сестри. Варваризмот беше крунисан со надменото толкување, дека убиствата се роденденски подарок на принцот кобуршки од верната му војска во новоослободените краеви. Овој настан ја зави Македонија во црно“ рече пред присутните на денешното чествување во Моклиште генерал Тодор Атанасовски, претседател на Републичкиот сојуз на борци на Македонија.
Во чест на стреланите младинци беше организирана и културно уметничка програма.
„Тогаш главен предводник била слободата, а денес кога ја имаме слободата ние се бориме за повеќе асфалт, повеќе работни места, подобар живот. Ако напраиме споредба меѓу тогашната борба за слобода и оваа денешната им симнувам капа на нашите предци“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
Во чест на стреланите младинци беше организирана и културно уметничка програма.
Ангел Данов
Додади коментар