Одбележани 19 години од убиството на војникот Блашко Толев од Марена
01-07-2020 РЕГИОН

Делегации од локалната самоуправа, предводени од преседателот на советот, Ристо Сакалиев, членови на семејството, сојузот на борци, од месната заедница и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ положија цвеќе на споменикот на војникот Блашко Толев кој загина во воениот конфликт во 2001 година како припадник на АРМ.

 

Денес се навршија 19 години од неговото убиство. Во октомври 2000 година заминува од Тиквешијата да го изврши долгот и го отслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип. Кога започна воениот конфликт 2001 година, тој активно зима учество во борбите во Тетовско и Кумановско.

 

Блашко Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на само 20 години го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Вечен останува споменот како и паметникот над неговиот гроб во кавадаречкото село Марена.

 

Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во кавадаречкото село Марена.

 



Share

Додади коментар