Одбележани 15 години од убиството на војникот Блашко Толев
01-07-2016 РЕГИОН

Кобен беше 1ви јули 2001 година за младиот војник од с. Марена Блашко Толев. Тој загина од минофрлачка граната истрелана од албанските терористи во воениот конфликт на Тетовското кале.

 

Блашко Толев беше припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија.

Денеска се навршија 15 години од неговото загинување. Во родоното село Марена,  пред неговата спомен биста членови на семејството, делегации од локалната самоуправа, градоначалникот Александар Панов, претседателката на советот Горица Пеливанова-Вилхелм и советници, претставници на АРМ, на Здружението на борците и на месната заедница положија свежо цвеќе.

 

На предлог на градоначалникот и месната заедница главната улица во селото да го добие името на загинатиот војник Блашко Толев. Овој предлог ќе се разгледува на наредната седница на советот.

 

Aнгел Данов



Share

Додади коментар