Одбележана традиционалната Егејска вечер во Демир Капија
10-06-2013 РЕГИОН

          Според годишната програма за работа Здружението на граѓани Егеј – Просек од Демир Капија ја одржа традиционалната егејска вечер. Пет часа другаруваа стотина граѓани со потекло од Егејски  дел на Македонија,кои  од 1951 година живеат во Демир Капија.На оваа Културно забавна вечер имаше и гости од Здруженијата на граѓани од Штип и од Велес.Со жива музика и со настап на пејачката на воденски народни песни Марија Димкова се играше и пееше се до еден часот по полноќ.Покрај ова имаше и заедничка вечера. Инаку,оваа манифестација започна со одржан говор на претседателот на Здружението  Младен Петров, кој се осврна на судбоносните денови додека траела Граѓанската војна во Грција  од 1946 па се до 1949 година. За овој временски период илјадници семејства биле принудени да ги напуштат своите родни огништа. Голи,боси и гладни се впуштиле во бегство по непознати планински трнливи патишта поминувајки ја Грчко – македонската граница.

Прогонетите Македонци доаѓаат на слободна територија и овде во Мариовските и Прилепски села биле пречекани од селаните доделувајки им храна,облекло и постелнина.По неколку месечното престојување по манастири, училишта и војни касарни ,прогонетите Македонци од 1947 година се населуват да живеат во Војводина, ( Гаково) во Тогашната Федеративна Народна Република Србија.Овде семејствата биле сместени во куќи, а биле и вработени, рече во својот говор претседателот Петров. Иако овде условите биле поволни за живот, сепак во текот на 1951 година  Македонските семејства започнале да се иселуват и да се населуват во повеќе градови во Република Македонија. Селидбата произлегла за да се приближат што поблиску до своите напуштени родни огништа,надевајки се дека со подобрувањето на односите со нашиот сосед Грција,прогонетите Македонци ќе се вратат во своите домови.Но за жал таа нивна желба не се оствари.

                    Пред насобраните граѓани се претстави и  Стојан Димков,поранешен долгогодишен претседател на Здружението на граѓани Македонски Егеј од Штип, запознавајки ги дека се испратени барањата за признавање и наплата на имотите на прогонетите Македонци но и да им се дадат сите човекови права на Македонците кои останаа да живеат во своите родни огништа за време и по завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Во оваа војна загинале околу 21 илјада борци Македонци, а над 50 илјади Македонци ја доживеале судбината на Прогонети, откорнати од своите огништа. Над Десет илјади деца преку организирана хуманитарна акција биле прифатени во Прифатилишта во повеќе европски земји..

Она што им се случи на Македонците во егејскиот дел на Македонија во периодот од 1941 па се до 1949 година е големо историско искуство  кое не треба да се повтори. Инаку,егзодусот, голготата на над  дваесетилјадната  непрегледна  колона  на егејските деца бегалци е предопредување за Европа и останатиот свет да ја чуваат оваа слобода добиена со илјадници жртви,додаде во својот говор Стојан Димков од Штип, кој по негова препорака и по иницијатива на група граѓани со потекло од Егејскиот дел на Македонија од Демир Капија, пред три години се Формира Здружението на граѓани Егеј – Просек во Демир Капија.

Петре Пашоев



Share

Додади коментар