Одбележан денот на италијанскиот јазик во Кавадарци

Со заедничка конференција преку линк врска денеска ООУ Гоце Делчев Кавадарци и училиштето од Бјела Италија го одбележаа денот на италијанскиот јазик. Гоце Делчев е единственото училиште во регионот во кое врз база на оваа соработка во основното образование италијанскиот јазик го изучуваат учениците од шестто до деветто одделение. Проектот трае веќе три години, а успешната соработка преку нови проекти ја најавува италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели.

 

Пред присутните во училиштето градоначалникот на Кавадарци Александар Панов најави интензивни заложби преку Министерството за образование за проширување на проектот и во останатите училишта во Кавадарци,но изрази  надеж дека со новиот амбасадор на Италија ќе привлечат и бизнис инвеститори во градот на виното.

 

Задоволен од соработката до сега е и директорот на училиштето Љупчо Јордановски.Вели дека во иднина ќе следува и размена на учениците кој ќе учат за техниките во образованието, но и за културите на Македонија и Италија.

 

Присутните во холот на училиштето домаќинот ги почести со скромна културно уметничка програма која исто преку интернет врската ја надополнија и учениците од Италија.

 

М.М



Share

Додади коментар