Одбележан денот за борба против трговија со луѓе
18-10-2018 РЕГИОН

 

Трговијата со луѓе е модерно ропство, распространет криминал во светот кој ги загрозува основните човекови права. Последните податоци на Обединетите нации покажуваат дека повеќе од три четвртини од децата и младите лица, кои се обидуваат да мигрираат во Европа преку Средоземното Море, се жртви на трговија со луѓе.

 

Трговијата со луѓе е вториот најголем извор на профит за организиран криминал по дрогата, предупредува Организацијата на Обединетите нации (ООН), по повод Светскиот ден на борба против трговијата со луѓе.

 

18-ти октомври - Европски ден на борба против трговија со луѓе, денеска беше обележен со едукативна работилница во Црвениот крст на оваа тема. Настанот беше во организација на Црвен Крст и  кавадаречката полиција .

 

2.4 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе, а од нив 1.2 милиони се деца - беше нагласено на работилницата.

 

А.Д



Share

Додади коментар