Со низа манифестации во Македонија и Европа денеска се одбележува 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Во одбележувањето се приклучи и Кавадарци.
Делегации од локалната самоуправа и советот предводени од претседателот на советот, сојузот на борци, ОО на СДСМ Кавадарци и претставници на институции положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.
Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.
По тој повод денеска со свеченост во Кавадарци се одбележа и денот на Европа. Во паркот кај полицијата во одбележувањето се вклучија невладини организации и ученици од музичкото училиште.
9 Мај е денот кога во многу земји во светот, а особено во Русија, се слави Денот на победата над фашизмот. Втората светска војна однесе над 50 милиони човечки жртви, а преку половина од жртвите во Европа ги поднесе Советскиот Сојуз. Станува збор за 27 милиони луѓе, а голем дел од нив не биле вооружени борци, туку цивили.
А.Д
Додади коментар