Од четврток 52 те Рационови средби
08-06-2015 РЕГИОН

Велес го слави делото на поетот и револуционер Кочо Рацин. Во четврток и петок ќе одржат 52-те рацинови средби.  Културната манифестација ќе се одржува на повеќе локации во градот - организацијата предвиде вкупно 16 настани. Годинешните рацинови средби ќе почнат во четврток во претпладневните часови..  

Во вечерните часови, рациновите средби продолжуваат со отворање на изложбата грнчарски средби и со положување цвеќе на споменикот пред гимназијата. За прв пат годинава, значајно место во рациновите средби завзема и музата на Рацин. Таа ќе ја претставува средношколката магдалена конева која е прогласена за заштитно лице на манифестацијата.. токму ликот на рациновата муза ќе добие и споменик во дворот на гимназијата.

Рациновите средби официјално ќе се отворат пред новиот тетар. Овде ќе се доделат наградите антологија на болката и напиши љубов во 140 карактери. Добитиници се сузана мицева и рамадан рамадани. Првиот ден од рациновите средби ќе продоложи со отворање на саемот на книга и проекција на филмската поема бели мугри.

Во петок пак повторно ќе се засадат дрва во рациновата шума кај костурницата.. токму овде ќе се одржи централната манифестација на која ќе се додели рациновот призание.. тоа годинава го доби димитрие дурацовски за романот бледи сенки-далечни гласови..  инаку на овој централен настан му претходи процесијата 1000 свеќи за рацин која ќе се одржи на различни локации..

Рациновите средби ќе се затворат во сабота со посета на лопушник, местото каде е погубен Рацин.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар