Согласно законот за лов утре стапува на сила забраната за лов на дивеч. Ќе трае до 30 ти септември 2014 та, информира Тоде Пановски секретар на Ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци. Од Пановски дознаваме дека од 1 ви февруари Ловечкото друштво Тиквеш веќе нема да издава дозволи за лов.Досега ловниот период го искористиле речиси сите ловци со измирена чланарина или покриена половина од истата. Понатаму во периодот до истекот на забраната во одредени временски периоди ќе има дозволи за лов но само за дивеч без заштита како што се лисицата и волкот, кој сепак законски ловците ќе имаат право да ги ловат само преку организирани хајки додава во изјавата за ктв секретарот Пановски.
И понатаму важат правилата дека секој кој ќе биде надвор од законот затекнат од страна на службите односно ловочуварските екипи на ловните терени со кој стопанисува Ловечкото друштво Тиквеш ќе сноси казнени мерки утврдени со законот за лов. Од ловечкото друштво Тиквеш информираат дека покрај ловочуварските служби на терен постојано ситуацијата ќе ја контролира и служба на Граничната Полиција Кавадарци. Соработката со службите на гранична се одлични па продолжуваат и годинава.Ќе се контролира засилено и експресно ќе се реагира во случај на прекршок вели Пановски.
М.М

Додади коментар