Од утре почнува увидот во избирачкиот список

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите што ќе се одржат на 17 октомври ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Државната изборна комисија на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

 

Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

 

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.



Share

Додади коментар