Од утре почнува вакцинацијата со комерцијални вакцини против сезонски грип во Кавадарци
15-12-2020 РЕГИОН

Сите граѓани кои сакаат да се заштитат од сезонскиот грип од утре можат да се вакцинираат во центарот за јавно здравје Кавадарци. Започнува вакцинацијата со комерцијални вакцини. 

 

„Вакцинирањето ќе се врши секој работен ден во периодот од 10 до 13 часот. Една вакцина чини 800 денари“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Сооглед на големиот број не вакцинирани повозрасни пациенти кои имаат хронични болести, повеќе од сигурно е дека и тие ќе се вакцинираат со комерцијална вакцина и за тоа ќе платат 800 денари, бидејќи тешко се доаѓа до термин за вакцинација на овие пациенти, преку системот „мој термин“.

 

Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми,  бремени  жени или  здравствени работници, треба да се вакцинираат  против сезонски грип еднаш годишно - велат од Институтот за јавно здравје.

 

“Секоја година околу 500.000 луѓе во светот умираат поради компликации од грип. Околу 10% од овие смртни случаи се во Европа. Според д-р Каролин Браун од СЗО/ Европа, многу од овие животи може да се спасат со едноставна акција: вакцинација против сезонски грип. Годишно, најмалку 30 милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО одлучуваат да се вакцинираат против грип. Секој кој е на возраст над 65 години, има здравствени проблеми, e бремена жена или е здравствен работник треба да биде еден од нив”.

 

Лица на возраст над 65 години и лица со постоечки здравствени проблеми се во најголем ризик!

Грипот често предизвикува непријатност во период од неколку дена кај сите заразени лица, но луѓето обично прилично брзо се опоравуваат. Сепак, за луѓе кои имаат широк спектар на здравствени проблеми, грипот може да биде сериозна, па дури и фатална болест.

Оние кои се најмногу изложени на ризик од сериозни компликации од грип, се луѓе на возраст над 65 години – осум од десет смртни случаи поврзани со грип се во оваа возрасна група. Тоа е така бидејќи имунолошкиот систем слабее со текот на годините и станува помалку ефикасен во борбата против инфекциите, како на пример грипот. Исто така, доколку заболениот претходно  веќе имал проблеми со срцето, дијабетес, хронична црнодробна или бубрежна болест или белодробно заболување, грипот може да ги влоши овие состојби и да биде смртоносен.

 

А.Д



Share

Додади коментар