Од утре попладне нов влажен бран

 

Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат утре попладне и во среда. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на земјава (локално над 30 литри/м2).

 

Умерено облачно време, во западните делови претежно облачно и со слаб ветер од променлив правец.

 

Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 11 степени. Времето утре облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуогоисточен правец.

 

Утре на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот и ноќта како и во среда претпладне, снежната граница ќе се спушти и пониско. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка.

 

Во среда попладне врнежите ќе престануваат.



Share

Додади коментар