Живата во термометарот од утре во земјава ќе се искачи до 34 степен, а тоа ја карактеризира жолтата алертна фаза. Станува збор за повисоки температури за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението, заради потребниот период за адаптација кон повисоките температури.
За таа цел, потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, а посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија.
Пред употреба задолжитено е миењето на земјоделските, градинарските производи-свеж зеленчук и овошје. Термичка подготовка на храната и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата да се загре на +100 степени. Избегнувајте производи кои термички не се обработеним пр.мајонези од домашни јајца, а внимателно консумација на сладолед и разни кремови.
За време на топлиот период во денот(од 10 до 17ч.) избегнувајте напорни физички активности, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности. Неопходните работи завршувајте ги до 10ч или после 17ч. Носете светла и лесна облека,(запто светлите бои ја рефлектираат светлината) а при на директна изложеност на сонце, ставете заштитни очила и капа.
Останете во затворени климатизирани простории(обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35степени целзиусови). Затворете ги прозорците и ролетните во текот на деноти,а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.
Внесувајте помало количество храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, како и храна која содржи поголемо количество шеќер.
Внесувајте големо количество текност(не чекајте да бидете жедни) почнувајќи од обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолни пијалоци. Одбегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалоци.
При неопходен престој на отворен простор најдете можности за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце. Кога сте во своето возило-отворете го прозорецот за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото!
Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошките и белодробните болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преселете се во постудено место колку што е можно побрзо и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалак за да се рехидрирате.
Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.

Додади коментар