Отворената забавна фудбалска школа започнува утре од 8 часот на градскиот стадион во Кавадарци. Годинава ќе бидат опфатени околу 200 деца на возраст од 6 до 12 години. Во наредните три дена децата ќе изучуваат фудбалски вештини. Заедно со нив ќе работат професори по физичко воспитување и спортски работници. Вклучени се 12 тртенери и исто толку асистенти. Стадионот ќе биде поделен на 12 помали игралишта каде ќе се тренира.
Отворената забавна фуддбалска школа се одржува неколку години по ред а истата овозможува покрај спортувањето и забава и дружење.
Отворената забавна фудбалска школа ја организира данската асоцијација Cross Culturess Project Association во соработка со Норвешкиот фудбалски сојуз, кој е финансиран од УЕФА и владите на Данска, Норвешка, Шведска и Финска, како и локални спонзори.
Од 2005 година досега со проектот се опфатени повеќе од 30.000 деца, а се едуцирани 2.500 лидери и тренери волонтери од 252 различни општини и 352 локални фудбалски клубови. Отворената забавна фудбалска школа оствари соработка со стотици илјади луѓе од различни региони и земји.
А.Д
Додади коментар