Од утре во Кавадарци започнува есенскиот панаѓур
10-10-2013 РЕГИОН

Есенскиот панаѓур во Кавадарци наместо во редовниот термин започнува од утре и ќе трае се до недела. За разлика од минатите години кога за време на панаѓурот постојано врнеше, сега прогнозата на метеоролозите говори дека и трговците но и граѓаните ќе можат го поминат панаѓурот во сончево и топло време.

Денеска трговците започнаа со поставување на тезгите. Од локалната самоуправа информираа дека во вечерните часови булеварот „Никола Минчев“ или поранешен „Едвард Кардељ“од стариот кружен тек до спојот со северен булевар  ќе биде затворен за сообраќај по целата должина. За сообраќај ќе бидат затворени и сите споредни улички кои се приклучуваат кон булеварот.

Годинава на есенскиот панаѓур ќе има околу 500 излагачи и 1000 тезги велат од општината. Поради вак големиот интерес од страна на трговците и угостителите можно е за сообрачќај да биде затворена и десната коловозна лента од булеварот „Кочо Рацин“ на спојот со „Орце Николов“.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар