Се наближува сезоната на груп, па пред таа да започне се отпочнува со имунизација на населението против сезонски грип. Од центарот за јавно здравје Кавадарци денеска информираа дека од утре, ќе започне вакцинација против ова сезонско заболување, со цел ризичните групи на граѓани да може да се зашитат од посериозни компликации кои може да ги предизвика грипот.
„Вакцинација ќе се врши секој работен ден во просториите на Центарот за јавно здравје во Кавадарци во периодот од 9 до 14 часот. Има доволни количини на вакцини и препорачливо е против сезонски грип да се вакцинираат хронично болните, постарите лица и шалтерските работници“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
И годинава цената на една вакцина е 400 денари, а набавени се 800 дози вкацина.
A.Д
Додади коментар