Центарот за јавно здравје Кавадарци од утре ја започнува вакцинацијата против грип. Лекарите препорачуваат вакцини да примаат хронично болните, лицата над 60 години, бремените жените, децата до 5 години, како и здравствените работници.
Вакцините се тритипни и истовремено штитат и од сезонски и од свински грип. Цената на вакцината и годинава е непроменета и чини 400 денари.
Според податоците на Центарот за јавно здравје Кавадарци минатата сезона се евидентирани 1017 заболени од грип.
„Вакцините се безбедни, со врвен квалитет, согласно препораките на Светската здравствена организација и се испитани и одобрени од Бирото за лекови при Министерството за здравство“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог.
Грипот е сезонско заболување, кое најчесто се пренесува по воздушен пат, со близок директен контакт со заболениот, кое обично дава лесна клиничка слика, но може и да заврши со посериозни комликации. Токму затоа, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните, посебно на лицата од ризичните групи, како што се постари лица над 60 години, хронично болните, децата од шест месеци до пет години, бремени жени и здравствени работници, навремено да се вакцинираат со цел навремено создавање имунитет на организмот против вирусот на грип.
А.Д
Додади коментар