Од утре бесплатна вакцинација за хронично болните и постари од 65 години
21-11-2019 РЕГИОН

Сите хронично болни, деца до 5 години и лица над 65 години од утре можат бесплатно да се вакцинираат против грип.

 

Вакцинацијата ќе се спроведува во центарот за јавно здравје Кавадарци.

„Потребно е граѓаните кои сакаат да се заштитат од грип преку своите матични лекари да закажат термин за вакцинација“ вели епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Паралелно во тек е и вакцинацијата против грип и со комерцијални вакцини, за лица помлади од 65 години. За нив вакцината е 650 денари.

А.Д

 



Share

Додади коментар