Од удар на гром опожарени куќи во Кавадарци
01-07-2015 РЕГИОН
Густ чад се креваше меѓу улиците „Раштани“ и „Питу Гули“ во Кавадарци. Опожарена е куќа, најверојатно од удар на гром. Според неофицијланите информации пламените јазици се прошириле и на две соседни куќи. Пожарот е локализиран. Интервенираа против пожарните екипи од Кавадарци, Неготино и Фени индустри.
Последните информации говорат дека нема повредени од пожарот. Од полицијата потврдија дека пожарот е пријавен во 13.45 часот. Пожарот бил локализиран по макотрпно борење со огнената стихија. Според првичните информации целосно биле опожарени две куќи во кои живееле четири семејства и еден помошен објект
А.Д

Додади коментар