Од понеделник службите на општина Кавадарци со ново работно време
25-07-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци-Локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне.    Ваквата промена на работното време на службите на локалната самоуправа се врши со одлука на градоначалникот Александар Панов. 

 

Промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кој деновиве владеат во земјата и регионот.

 

ВО известувањето од општината се нагласува дека Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции.

 

Од службата за односи со јавноста при општината информираат дека веднаш со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, Општината веднаш ќе се врати на вообичаеното работно време.



Share

Додади коментар