Од понеделник и официјално „пајакот“ во функција
20-03-2019 РЕГИОН

 

 

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од понеделник 25.03.2019 година се пушта во функција “пајак“ возилото на ЈП Паркинг- Кавадарци.

 

Ќе се интервенира на хаварисаните возила и ќе се врши транспорт до депото на Северен булевар.

 

Исто така ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини.

Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места.

 

Оваа одлука важи се до започнувањето со работа на ЈП Паркинг – Кавадарци.

 

За непрописно паркинатите возила ќе следуваат и казни од надлежните служби - стои во известувањето од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.



Share

Додади коментар