Од општина Кавадарци информираат за градежни активности
27-04-2020 РЕГИОН
Oд локална самоуправа Кавадарци информираат за повеќе активности од програмата за комунално уредување.
Се санира асфалтот на кружен тек на Западен булевар. На улицата „Видое Смилевски“ се работи на санација на прокот.
Се врши прередување на павер елементи на пешачка патека во населба Бел камен, се санираат решетки на ул.Киро Крстев, а се вршат подготовки за хортикултурно уредување на кружниот тек кај ВВ Тиквеш.

Додади коментар