Од комуналната изградба во Кавадарци...
27-11-2020 РЕГИОН

Според проектот денес започна поставувањето асфалтот на делницата од 900 метри поредвидена за ревитализација.

Претходно беше спроведено отстранувањето на стариот оштетен асфалт, поставување на рабници и тампонирање.
Општината е финансиер на проектот со кој се подобрува патната инфраструктура во една од индустриските зони на градот, каде работат значаен број на фирми од малото стопанство.
Општина Кавадарци деновиве преку ангажираната оператива на фирмата „АС Машини“ започна со реализација и на проект од комуналната изградба за поплочување на тротоари.

Проектот предвидува изградба на тротоари на улиците „Вишешница“ и „Ѓорѓи Сугарев“ - информираат од општината.
Се работеше на нивелирање, тампонирање и поставување на рабници на дел од тротоарот на ул. “Вишешшница“ на потегот од спојот со Западен Булевар до спојот со ул.„Дешка Тошева“.
Во наредните денови ќе следи поплочување со павер елементи.

Додади коментар