Од денеска ќе се доградат уште 350 метри од кејот на Луда Мара
04-08-2017 РЕГИОН

 

 

Од денеска започна доизградбата на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Механизацијата на градба промет ги започна земјените работи од местото до каде што  е изграден кејот, кај поранешната фабрика „Таска“,  кон „Брушанскиот мост“.  Должината на овој потег е 352 метри.

 

На увид во почетокот на градежните работи денеска беше и градоначалникот Александар Панов, кој во изјавата за медиумите рече дека ова е третата и последна фаза од завршувањето на големиот проект за изградба на кеј на Луда Мара.

 

„Уште од претходната локална самоуправа овој проект беше замсилен да се заврши до „Брушанскиот мост“. Со помош на претходната влада, односно Бирото за регионален развој и Вардарски плански регион и со пари од буџетот на локалната самоуправа успеавме да обезбедиме 15 милиони денари. На тендерот сумата за завршување на овој дел падна на 9 милиони денари. Ќе се создадат услови да размислуваме за продолжување на овој проект до последниот мост во Ваташа. Се надевам дека со поддршка од Агенцијата за патишта и тој мост ќе се реконструира, односно да се направи комплетно нов мост и со тоа да заокружиме еден потег од над 3 км пешачка зона за рекреација на кавадарчани, пред се да им го разубавиме просторот на жителите кои се во непосредна близина“ рече Панов.

 

Градоначалникот најави дека ќе се реконструира и „Брушанскиот мост“ по примерот на главниот мост во Кавадарци. „ Не се работи за голема сума а се постигнува голем ефект со реконструкција на мостовите за да имаме комплетна слика“ нагласи Панов. Задоволство од отпочнувањето на доизградбата на кејот искажаа и претставници од урбаните заедници кои гравитираат околу реката. Рекоа дека нивните барања се реализираат.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар