Од денеска и во кавадаречката болница ласерска операција на жолчка
17-06-2014 РЕГИОН

Педесетина минути траеше лапараскопската интервенција на жолка,  што денеска за прв пат се изведе во кавадаречката болница. Тимот хирурзи од оваа регионална здравствена установа за прв пат ја примени ваквата метода , откако ја доби потребната опрема, а и лекарите ја завршија обуката.  Од денеска понатаму пациентите од тиквешијата немаат потреба да одат во болниците од други градови за да ја добијат оваа ласерска интервенција.

„Во сколоп на реформите, набавката на нова опрема и едукација на персоналот од нашата болница се изврши за прв пат една нов услуга во областа на хирургиујата , а  се искористи новиот апарат ендоскоп. Кај пациентот со минимални зфати се оперираат внатрешните органи,  побрзо е закрепнувањето, а  лекарот има подобар преглед. Оваа метода во наредниот период редовно ќе се извршува во нашата болница. Ќе направиме со ова многу за нашите граѓани.“ рече директорот на Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски и нагласи дека отсега типот на операција може да го избере пациент во консултација со лекарот. Во моментов лапараскопски ќе се интервенира само на жолчка.

Задоволство  од првата операција  искажаа и хирурзите кои беа вклучени во интервенцијата.

„Беше се како што очекувавме. Нова та метода а ќе придопнесе за доброто на нашите пациенти. Со дообука ќе функционираме перфектно како тим. Ова метода има многу предности во поглед на класичната хирургија“ рече началникот на хируршкото одделение д-р Дано Кулев.

Кај народот оваа метода е позната како ласерска операција. Д-р Благојче Митреврече дека иако пациентите мислат дека се вадат само камењата од жолчката, сепак се отстранува целото жолчно ќесе заедно со нив, исто како кај класичната интервенција.

„Предност со лапараскопската интервенција е тоа што се  скратуваат болничките денови. Денеска ако сме ја оперрирале апациентката утре ќе стане на нозае, а веќ е задутре ќе биде пуштена во својот дом“ рече д-р Митрев и очекува прифаќање на ваквата метода од пациентите од тиквешкиот регион кои треба да бидат лекувани.



Share

Додади коментар