Почнувајќи од денес, среда, општинарите од Мој општинар заедно со ЈП Комуналец и неколоку приватни фирми од Кавадарци започнуваат акција “За чисто и убаво Кавадарци“.
Наредните 4 денови, се до сабота, ќе се чистат сите помали и поголеми диви депонии. Неколку фирми помагаат во реализирање на оваа акција и ги ставаат во функција своите машини за доброто на Општина Кавадарци. АНЕЛМАК, АС МАШИНИ, ЈА-МИ, ВСГД и ТРАСЕР учествуваат со камиони, скипери, багери заедно со ЈП Комуналец.
Денес е започната акција за чистење на 3 локации. Првата локација е улица Праведничка и Коњските дупки, втората локација е улица Клинска и улица Калница и стретата локација е улица Смилица - информираат од прес службата на градоначалникот Митко Јанчев.
Додади коментар