Од денеска во Кавадарци започнува аплицирањето за субвенции за купување на енергетски ефикасни грејни тела
28-09-2020 РЕГИОН

 Општина Кавадарци го објави јавниот повик  за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2020 година

 

  1. Опис на Јавниот повик

– Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

– Јавниот повик трае 20 дена од денот на објавувањето и тоа од 28.09.2020 година заклучно со 17.10.2020 година.

  • Јавниот повик ќе се реализира по принципот Јавно извлекување“.

 

  1. Право на учество на Јавниот повик:
  • Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасно грејни тела од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела.

 

  1. Услови што треба да ги исполни барателот:

 Барателот треба да ги исполни следните услови:

  • да е полнолетен жител на Општина Кавадарци (фотокопија од важечка лична карта);

–  да имаат купено и вградено во своите домови енергетско ефикасни грејни тела по денот на објавувањето на Јавниот Повик до денот на завршување на Јавниот Повик;

  • да го немаат искористено правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела за претходните две години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купени енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на Општина Кавадарци или од било кој извор во Република Северна Македонија за таа намена;
  • едно семејство/домаќинство може да поднесе само едно барање за остварување на правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на општина Кавадарци.
  • Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

 За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Кавадарци треба да достави:

  • барање за остварување на правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на Општина Кавадарци (барањето може да се подигне во архивата на Општина Кавадарци или од интернет страната на Општина Кавадарци: (kavadarci.gov.mk); 
  • фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е полнолетен и дека е жител на Општина Кавадарци;
  • доказ дека е извршено купување на енергетско ефикасно грејно тело и тоа оригинал фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум во период од денот на објавување на јавниот повик;  

– Изјава дека  го нема искористено правото на субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела во претходните две години од последниот објавен Јавен Повик за субвенционирање за купени енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на општина Кавадарци или од било кој извор во Република Северна Македонија за таа намена; 

  • фотокопија од трансакциска сметка;
  • Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за енергетско ефикаснио грејни тела“ во Архивата на Општина Кавадарци, на адреса “Плоштад Маршал Тито” бб, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
  • Барателите можат да достават барања и по пошта но со датум на праќање најкасно до 17.10.2020
  • На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање за купување на енергетско ефикасни грејни тела на подрачјето на Општина Кавадарци“.

 

  1. Начин на спроведување на јавниот повик

       За спроведување на транспарентна постапка при добивање субвенција за купување на енергетско-ефикасно грејни тела во домаќинствата во Општина Кавадарци, доделувањето на средствата ќе се одвива на следниот начин:

– Општина Кавадарци со цел стимулирање на користењето на енергетско ефикасни грејни тела, ќе распише Јавен Повик.

– За времетраење на огласот, најмалку два пати ќе има известување за јавноста за времетраењето на повикот.

– По завршување на Јавниот Повик, најкасно по 3 дена, ќе се одржи јавно извлекување на подносителите.

– За времето и местото на извлекувањето Општина Кавадарци ќе даде соопштение на својата веб страна и локалните медиуми.

– Секој барател кој има доставено барање за субвенционирање на дел од трошоците има право доколку сака да присуствува на јавното извлекување.

– За спроведување на активностите за реализација на Јавниот Повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци  ќе формира три комисии, кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици.

– Комисиите за имплементација на мерките за субвенционирање на граганите на подрачјето на Општина Кавадарци за набавка/купување на енергетско ефикасни грејни тела и Комисијата за следење на регуралноста на јавното извлекување, по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас,  со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.

 

  1. Извлекувањето ќе се одвива на следниот начин: 

– Извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видео запис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.

– ковертите во присуство на сите членови на комисиите ќе се стават прво во еднобојни коверти, а потоа  во посебен сад.

– лицето кое го врши извлекувањето, секој извлечен коверт го предава на една од Комисиите.

– претседателот на секоја одделна комисија го соопштува името на барателот, по што комисијата пристапува кон проверка на документите доставени од страна на барателот и соопштува дали барањето е во согласност односно не е во согласност со условите и барањата од овој Правилник.

– за времетрање на извлекувањето ќе се составува листа која ќе содржи податоци за извлечениот барател, за износот на надоместокот и за персоналниот данок.

– во оној момент кога ќе се извлечат барателите чиј збир на износот на надоместоци и на износот на персоналниот данок ги ангажира средствата наменети за оваа намена, ќе заврши извлекувањето на барателите кои имаат комплетна и уредна документација.

– доколку има две или повеке извлечени баратели со иста адреса на живеење  и од исто семејство, се уважува барањето на првоизвлечениот .

 

–  По завршувањето на Јавното извлекување во рок од 10 дена,  Комисијата за проверка на терен за утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиски средства ке изврши увид на лице место/терен и ке подготви Извештај, кој се доставува до Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граганите на подрачјето на Општина Кавадарци за набавка/купување на енергетско ефикасни грејни тела.

 

  1. Начин на остварување на правото на надоместок:
  • Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граганите на подрачјето на Општина Кавадарци за набавка/купување на енергетско ефикасни грејни тела, врз основа на Извештајот составува финална листа и доставува предлог до Градоначалникот на Општина Кавадарци за одобрување на барањето за надоместување на дел од трошоците направени за набавка/купување на енергетско ефикасни грејни тела и исплата на средства во износ утврден во Одлуката за утврдување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на набавка/купување на енергетско ефикасни грејни тела.

– По завршувањето постапката, финалната листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање на дел од средствата  ке биде објавена на WEB страната на Општина Кавадарци најдоцна 15 (петнаесет) дена по завршување на Јавното извлекување, а  истовремено ке биде објавена и листа на баратели кои не ги го оствариле правото на субвенционирање согласно Јавниот Повик.

 

ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Барање 

Изјава



Share

Додади коментар