Вчера околу 13.30 часот на ул.„Дисанска“ во Кавадарци бил лишен од слобода Г.Т.(44), затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така во вчерашниот ден во ОВР Кавадарци А.Н.(29) пријавила дека на ул.„Блажо Алексов“ била касната од куче домашен миленик, пуштено без надзор. По документирање на случајот против сопственикот ќе следува поднесок.
На автопатот Неготино - Демир Капија вчера околу 13.14 часот патничко возило „мерцедес“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(38) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на незгодата.
Околу 15.50 часот на регионалниот пат Кавадарци – с.Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ланча“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(61) и трактор „ИMT 533“, со кавадаречки регистарски броеви, управуван од Б.К.(67). Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото Г.М.(58) од с.Ресава, констатирани во Општата болница Кавадарци. Бил извршен увид на местото на незгодата.
Во периодот 10./11.05.2021 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 23 лице,и тоа 11 во Велес, пет во Кавадарци и седум во Неготино. Против лицата ќе следуваат соодветни мерки. Во овој период има евидентирано шест случаи во Велес за непочитување на забраната за движење.
Додади коментар