Од СВР Велес денеска информираат за физичка пресметка и физички напад кои се случиле вчера во Кавадарци.
Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Кавадарци, К.Д.(68) од Кавадарци пријавила дека околу 13.00 часот на ул.„29-ти Ноември“ била физички нападната од З.П. и П.П.. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
Исто така во текот на вчерашниот ден, околу 14.00 часот, во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Тиквешко востание“ во Кавадарци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(49) и С.П.(49) од една страна и М.П.(67) од друга страна. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
Во период 02./03.12.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 43 лица,и тоа, 24 во Велес, 14 во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Додади коментар