На 11.07.2021 год. полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник, кој на подрачјето на Кавадарци
извршил шест кривични дела - разбојнички кражби, тешки кражби и кражби, главно извршени во куќи. Извршен е разговор со малолетникот во присуство на Јавен обвинител, социјален работник, адвокат за деца и инспектор по детско престапништво. На сите места бил извршен увид, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2021 година на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што се регистрирани 25 прекршоци, од кои 12 во Велес, шест во Кавадарци и седум во Неготино, кои ќе бидат соодветно санкционирани.
Во период 11./12.07.2021 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се oсум лица во Велес. Против овие
лица ќе следуваат соодветни мерки.

Додади коментар