Од билтенот на МВР: Закани за долг, физички напад на полициски службеници во Кавадарци
02-12-2021 РЕГИОН

 

На 01.12.2021 околу 10.30 часот на ул.„Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода К.К.(70) од Кавдарци затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

                                   

На 01.12.2021 во 16.50 часот на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода О.Р.(53) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во угостителски објект му се заканувал на Г.М.(45) од Кавадарци за долг од 6.500 евра што го имал Г.М. кон него и за кој му барал да му исплати 50.000 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.          

                              

  На 30.11.2021 полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода М.А.(31), постапувајќи по пријава на 30-годишна жена од с.Корешница, демиркаписко, според која тој на 29.11.2021 год. околу 20.00 часот со закана со остар предмет го малтретирал нејзиниот малолетен роднина. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.                                     

 

На 01.12.2021 околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во населба Градско настанал пожар во стара напуштена куќа кај железничката станица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Велес, а повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на  настанот.

 

 



Share

Додади коментар