Од билетенот на МВР
20-05-2019 РЕГИОН

- На 17.05.2019 година на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, регистрирани се 11 прекршоци, од кои во Велес пет, во Кавадарци два и во Неготино се регистрирани четири прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни.  

 

- На 18.05.2019 година на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат велосипеди со помошен мотор и мотоцикли. Притоа, регистрирани се 38 прекршоци, од кои во Велес 16, во Кавадарци осум и во Неготино се регистрирани 14 вакви прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни и писмени опомени.  

 

- На 19.05.2019 година во СВР Велес било пријавено дека околу 01.00 часот, во близина на спортската сала „Гемиџии" во Велес, А.Д.(19) од Велес бил физички нападнат од лицата С.С.(18) и неколку други непознати лица од Велес. Се работи на расчистување на случајот.

 

- На 19.05..2019 година во СВР Велес, Д.Г.(61) од Велес пријави дека истиот околу 12.00 часот, додека се движел низ „Младинскиот Парк“ во Велес, бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

 

- На 19.05.2019 година околу 15.15 часот на крстосницата од ул.„Западен булевар“ со ул.„Вишешница“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Г.(19) од Кавадарци и мопед „Канга“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(23) од Кавадарци. Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци и по укажаната помош бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

   

                                                                                       

 



Share

Додади коментар