Ни трага ни глас од 9 - ти март се до денеска од 71 годишната Маре Дамјановска од Глишиќ - Кавадарци. Денеска во потрага по неа беа вклучени и кучиња трагачи на МВР.
Од семејството објаснуваат дека таа последен пат е видена дента околу 16 часот, кога исчезнува во близина на градските гробишта во Кавадарци.
На денот на исчезнувањето Маре била заедно со својата ќерка во банка во градот. Додека ќерката потпишувала документи во просториите на банката, таа излегла надвор и заминала во непознат правец. Семејството потврди дека Маре имала здравствени проблеми, односно не помнела ништо.
Била облечена во темна јакна, црни тренерки, црвена блуза, кафеави кломпи. Имала седа кратка коса, плави очи.
Сите кои имаат било каква информација да се јават во полиција или пак кај семејството на 077 956 125 – апелираат од семејството на Дамјановска.
А.Д
Додади коментар