Од 18 декември угостителските објекти ќе работат до 18 часот - владата ги прифати новите рестриктивни мерки

Новите рестриктивни мерки кои ги предложи комисијата за заразни болести се усвоени од владата. Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција информира дека од 18 декември кафеаните ќе работат до 18 часот,  а се забрануваат и новогодишни прослови на отворен и затворен простор.

 

-Забрана за новогодишни прослави на отворен и затворен простор. Угостителските објекти да работат до 18 часот. Целта е сите да издржиме уште малку и да не дозволиме заради празнувањето да се шири заразата. Секој од нас е повикан да биде одговорен, истакна Заев.

 

„Да не дозволиме најубавите денови да ни се претворат во лоши спомени“ -  апелираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, кој ја информираше јавноста за состојбата со коронавирусот во државава.

Филипче порача граѓаните да не излегуваат од домовите без некоја посебна потреба после 18:00 часот и да нема собири по домовите и викендичките.

 

 


Share

Додади коментар