Од 1 октомври 2014 стартува ловот на дивата свиња информира денеска Ловечкото Друштво Тиквеш Кавадарци. Согласно законот , одлуката на управата и програмата за работа на друштвото право на лов и оваа сезона ќе имаат само ловците со целосно измирена чланарина и со положен ловечки испит, нагласува секретарот Тоде Пановски.
Сите кој ќе сакаат да ловат дива свиња на ловиштата кој се под концесија на ловечкото друштво Тиквеш ќе мора да го почитуваат законот за ловство бидејќи во спротивно ќе се соочат со високи казни додава Пановски. Во насока на добра организираност и законско работење ова друштво потенцира дека работите на ловиштата будно ќе ги следат екипи ловочувари на кои со акциски контроли како и досега активно и оваа сезона се приклучува Грничната Полиција.
Досега преку соработката со истата откриени се повеќе случаи на ловокрадство и намалена е бројката на ловџии кој работат спротивно на законските одредби.Инаку по стартот на ловот на дивата свиња кој рековме започнува на 1 октомври на 11 ти октомври пак започнува и ловот на зајакот и еребицата. Правилата се исти за сите, а ловџиите добро ги знаат што значи мора да се почитуваат вели за ктв секретарот на Ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци. За потсетување ова друштво пред само месец дена во рамки на законските одредби во две од ловишта со кој стопанисува изврши и населување односно збогатување со фазани.

Додади коментар