Огромна посетеност на новиот музеј во Кавадарци
02-07-2013 РЕГИОН

Огромна посетеност на новиот музеј на вкусовите во Кавадарци, за само месец ипол дена од отворањето него го посетиле над 2 илјади посетители.

Бројни делегации од земјава и странство се интересираат за музејот кој е единствен од ваков вид во регионот. Постојано доаѓаат луѓе кои се интересираат за музејските поставки кои зборуваат за храната и пијалоците на овие простори од дамнина до денес. Еве денес ни се најавени гости од Турција-рече директорот на кавадаречкиот музеј галерија, Петре Камчевски.

Музејот на мирисот и вкусот е дел од прекуграничната соработка помеѓу Кавадарци и Воден од Грција насловен како “Патиштата на Кајмакчалан”, финансиран со европски пари.

С.Д



Share

Додади коментар