Оглас за ангажирање на невработени кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
19-05-2015 РЕГИОН

Врз основа на програмата Општинско-корисна работа која е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активни програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кавадарци во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за социјална работа објави јавен оглас до невработените  евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот

Со овој оглас се повикуваат лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд, лица од ранливи категории, кои активно бараат работа, кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Општина Кавадарци, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Кавадарци  до 22.05.2015 година

Ангажирањето е во сферата на социјалната заштита и е на определено скратено работно време во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6.200 ,00 денари за лице месечно, за 20 работни часа неделно, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда на работно место, доколу невработрените лица се корисници на социјална помош, истата нема да преставува пречка, односно ќе може да продолжат да ја користат.

 Заинтересираните невработени лица, може да се пријават за вршење на работи и работни задачи за 6 работни места како Негувател/негувателка (помошник за давање на услуги во домашни услови), односно пружење на елементарна помош и грижа за стари и изнемоштени, како и инвалидизирани лица која опфаќа:Набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба, набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби, плаќање на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично, Заедничко дружење со старите и изнемоштени лица корисници на проектот. 

Кандидатите треба да имаат завршено основно,гимназиско,средно стручно или друг вид на образование, со или без претходно работно искуство. Исто така потребно е да е невработено и евидентирано во Центарот за вработување – Кавадарци, да припаѓа на некоја од ранливите групи: (млади лица до 29 години со ниски квалификации, деца без родители и родителска грижа, самохрани родители, роми, невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку една година, млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци, жртви на семејно насилство). Детални информации може да се добијат во општина Кавадарци, Сектор за Локален Економски Развој.

 А.Д



Share

Додади коментар