Со оглед на ново настанатата состојба со зголемиот број на граѓани од општина Кавадарци позитивни на ковид 19, одделението за внатрешни работи Кавадарци апелира до сите граѓани доследно да ги почитуваат сите одлуки и препораки на Владата на РСМ во поглед на превенција и заштита од Ковид, а пред се:
1. Да држат прописно растојание од 1,5 - 2 метри на отворен и затворен простор, кога се во банки, пошти, супер маркети, чекални во институции и сл.
2. Задолжително и прописно да носат заштитни маски и да оддржуваат почеста хигиена на рацете.
3. Да се избегнуваат масовни собирања по куќи, станови и викендици на излетнички места или на Тиквешкото Езеро.
4. Да се избегнува организирање и учество на прослави на отворен и затворен простор, посебно за верски и други празници кои доаѓаат во следниот период.
Укажуваме дека ОВР Кавадарци редовно ќе врши контрола на терен за тоа да се почитуваат одлуките и протоколите на Владата и за најдените недоследности ќе бидат преземени сите законски мерки - стои во соопштението од ОВР Кавадарци.
Додади коментар