ОВР Кавадарци: Возачите на трактори да ја проверат исправноста пред да се вклучат во сообрќај
02-04-2021 РЕГИОН

Со оглед на погодните временски прилики и зголемените активности по лозовите насади и другите земјоделски површини, а со тоа и зголеменото учество во сообраќај на земјоделската механизација - трактори и приколици, ОВР Кавадарци апелира на сопственитие и возачите на трактори и друга механизација, пред да ги вклучат возилата во сообраќај истите да ги доведат во технички исправна состојба, односно истите да бидат технички исправни и регистрирани, а возачите да се со важечка возачка дозвола.

 

Воедно сакаме да им укажеме на возачите дека согласно донесените измени на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (чл.344 ст.3) доколку сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото ќе се одземе во времетраење од 90 дена.

 

ОВР Кавадарци уште еднаш апелира со цел поголема безбедност во сообраќајот, да се почитуваат законските обврски при учество во сообраќај на патиштата од страна на возачите на трактори и земјодеска механизација - стои во апелот од ОВР Кавадарци.



Share

Додади коментар