ОВР Кавадарци апелира до сите граѓани на општините Кавадарци и Росоман, при вршење на земјоделските работи, особено околу кроење на лозовите насади, да внимаваат во голема мерка при палењето на оган на отворен простор, палење на суви прачки, меѓи и стрништа, бидејќи со тоа е можно предизвикување на пожари кои можат да земат и поголеми размери, а со тоа да се предизвика извршување на кривично дело „предизвикување на општа опасност“ член 288 став 1 од КЗ на Република Северна македонија.
За да се спречи сето ова потребно е граѓаните да ги преземат следните мерки:
- да не отпочнуваат палење на оган на отворено доколку временските услови се непогодни за тоа, силен ветер и сл.
- да не отпочнуваат палење на оган на отворено доколку не се сигурни дека истиот можат да го држат под контрола.
- доколку запалат оган да ги преземат сите неопходни мерки истиот да не се прошири на други површини и да не земе поголеми размери.
- да не го напуштаат местото на палењето оган додека не се осигураат дека истиот е изгаснат и дека нема да дојде до негово повторно самозапалување.
- доколку огнот се прошири и настане пожар во поголеми размери веднаш да се повика против пожарна единица на телефонскиот број 193 и да се земе активно учество во гасењето на истиот.
Против сторителите на вакви дејствија ОВР Кавадарци ќе ги преземе сите законски мерки - стои во апелот од кавадаречката полиција.
Додади коментар