ОВР Кавадарци апелира да се почитуваат препораките за заштита на здравјето и останатите законски прописи
28-12-2020 РЕГИОН

Одделението за внатрешни работи Кавадарци во пресрет на новогодишните и божиќните празници апелира до сите граѓани од општините Кавадарци и Росоман доследно да ги почитуваат одлуките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на заштита и првенција од Ковид 19. 

 

- Се забранува организација и учество на прослави на јавни места и површини по повод претстојните новогодишни и верски празници, како и избегнување на организација и учество на граѓаните на прослави во викенд куќи, во туристички места/центри, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година. 

 

- Исто така се апелира до сите граѓани доследно да ги почитуваат законските одредби со кои се забранува продажба и употреба на пиротехнички средства, со цел избегнување на било какви нарушувања на јавниот ред и мир и кривични дела, како и избегнување на евентуални повреди, настанати од употребата на петардите и други пиротехнички средства. 

 

За време на новогодишните и божиќните празници ОВР Кавадарци редовно ќе врши контрола на терен за тоа дали се почитуваат законските одредби како и одлуките и протоколите на владата и за утврдените недоследности ќе бидат преземени сите законски мерки - стои во соопштението од кавадаречката полиција.



Share

Додади коментар