Објавена програмата за Тиквешки гроздобер 2019
18-07-2019 РЕГИОН

Здравко Чолиќ и Јелена Розга се главните ѕвезди на годинашнава стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ што ќе се одржува од 6 до 8 септември во Кавадарци. Во чест на грозјето и виното ќе се испишува нова приказна под отворено небо. Организаторот денеска ја објави официјална програма, од каде може да се види дека „Гроздоберот“ годинава нуди содржини за сите возрасти.

 

Свеченото отворање на манифестацијата е на 6 септември од 12 часот на главната сцена која ќе биде поставена на градскиот плоштад, по што ќе започне дегустација и презентација на вина.

 

И годинава ќе се одржи трка на келнери. Во малото паркче кај полицијата ќе можат да уживаат љубителите на староградската музика. Овде настап ќе имаат трио Мањифико и Марјан Коцев со „Галакси бенд“.

 

На првиот ден од гроздоберот ќе биде отворена изложба на фотографии во музеј галеријата, а во спортската сала „Јасмин“ ќе се одржи турнирот во кошарка „Сестри Китеви“.

 

Во вечерните часови на градскиот плоштад ќе се случува забава за младите со настапот на  „2 Бона“ и Тони Зен.

 

Вториот ден од Гроздоберот ќе започне со изложба на олд тајмери на градскиот плоштад, по што ќе следи традиционалното мото рели. Во малото паркче ќе се одржи традиционалната таблијада.

 

По повод денот на ослободувањето на Кавадарци, 7 ми септември, кавадаречкиот совет ќе одржи свечена седница, а потоа ќе следуваат настапите на Наташа Малинкова и Јелена Розга. По нив, до 5 часот наутро ќе настапат неколку ди-џеи.

 

Традиционалниот голем карневал ќе се одржи на 8 септември од 12 часот. Вечерта е настапот на легендарниот Здравко Чолиќ по што ќе следи спектакуларен огномет и затворање на годинашната манифестација. 

А.Д

 

 

 --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

ПЕТОК 06.09.2019

12:00h – 12:15hСВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,,ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР’’                                                                                

Локација: Главна сцена, Градски плоштад

11:00h - 14:00hПрезентација и дегустација на Вина од Присутните Винарии

*Дополнително, во едно катче претставување/претстава на процесот на берба до создавање на виното и производите од грозје- Шумарско училиште.

Локација: Градски плоштад

13:00h – 13:30hTРКА НА КЕЛНЕРИ

Локација: ул.Илинденска

14:00h - 19:30h СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

18 – 19:30 – Трио Мањифико

21:30 – 23 h – Марјан Коцев и Галакси

Локација: Малото паркче

18 часот – Изложба на фотографии –Музеј галерија

15:00h - 16:00h ТУРНИР“Сестри Китеви”

Локација: С.Ц. Јасмин

 

20:30h - 21:00h Музика на разглас

 

21:30h - 22:45h 2БОНА

23:00h – 01:00h DJ TONI ZEN

Локација: Градски Плоштад

 

САБОТА 07.09.2019

10:00h - 12:30h Изложба на OLD TIMER-и

Локација: Градски плоштад

13:00h – 13:45h ТрадиционалноМОТО РЕЛИ

Локација: ул.Илинденска

14:00h – 15:00h Велосипедисти

Локација: Градски плоштад

- Штанд за тетовирање– артист Пане Ризов Bullfrog Tatto Studio

 

11:00h – 14:00h Традиционална ТАБЛИЈАДА

Локација: Малото паркче

14:00h - 19:30h СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

15 -16:30 – ТриоГранде

17- 18:30 Класико

Локација: Малото паркче

18:00h –ПРИЕМ на Градоначалникот во Хол на Дом на култура

19:00h - 19:30h СВЕЧЕНА СЕДНИЦА за Денот на Општината во Дом на култура

Локација: Домот на Културата со покана од Општина

 

20:30h - 21:00h Музика на разглас

21:30 – 22:30 – Наташа Малинкова

23:00h – 01:00h ЈЕЛЕНА РОЗГА

Локација: Градски Плоштад

02:30h – 05:00h DJ METODIJ HRISTOV

-          DJ Lako

-          DJ Power

-          DJ METHA MILL

 

Локација: Костурница

 

 

НЕДЕЛА 08.09.2019

12:00h – 14:00h Традиционален, голем КАРНЕВАЛ низ улиците на Кавадарци кој завршува со претставување на Градскиот плоштад

*Жонглери за дополнителна анимација

Локација: Градски Плоштад

14:00h - 19:30h СТАРОГРАДСКА МУЗИКА

-15 – 16 и 30 – Дуо Форте и Александар Ангелов

17 – 18 и 30 – Дa Капо бенд

Локација: Малото паркче

 

20:00h - 20:30h Музика на разглас

20:30h – 21:45 БЕНД

22:00h – 01:00h ЗДРАВКО ЧОЛИЌ

01:00h Спектакулареногномет

Локација: Градски Плоштад

КРАЈ НА ФЕСТИВАЛОТ

 



Share

Додади коментар