Објавена програмата за прослава на Свети Трифун во Кавадарци
11-02-2015 РЕГИОН

Церемонија на закројување на лозов насад, дегустирање на вино и ракија, изложби со тематики од лозарство и винарство како и културно-уметничка програма содржи програмата за одбележување напранзикот на лозарите Свети Трифун во Кавадарци.

ВО петок од 18 часот во Музеј Галеријата  ќе биде отворена ликовната изложба „Мотиви од лозарството и винарството“ од Лазар Дојчиновски, а од 19 часот во домот на културатра изложба од  Горан Јованов, додека  од 20 часот започнува културно уметничка програма на градскиот плоштад каде ќе настапат фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, балетското студио „Венус“ и „Биоритам“.

Веќе во сабота, на самиот ден Свети Трифун од 09.30 до 11 часот во храмот Свети Димитрија ќе биде закроена црковната лоза. ОД 11 часот на градскиот плоштад ќе настапи фолклорниот ансамбл ТИквеш, точно напладне ќе биде закроена импровизираната винова лоза на градскиот плоштад.

Во обележувањето на Свети Трифун се вклучува и здружението на граѓани „Винотек“. Во соработка со СОЗШУ „Ѓорче Петров“ ќе организираат дегустација и оценување на вино. Од оваа здружение денеска најавија дека на 27 и 28 март во Кавадарци ќе се одржи и земојделски саем.

А.Д



Share

Додади коментар