Објавен оглас за обука за ИТ вештини на невработени лица
26-01-2018 РЕГИОН

 

Сите невработени лица кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката можат да аплицираат во Агенцијата за вработување. Ќе се спроведуваат обуки за јава програмер и тестери за квалитет на софтвер.

 

Од Агенцијата за вработување нагласуваат дека овие обуки ќе ја зголемат вработливоста на 100 невработени лица и ќе обезбедат можност за стекнување на професионални вештини и квалификации за одредени работни места кои се барани на пазарот на трудот.

 

Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат од страна на избран спроведувач на обуки на целата територија на државата, во зависност од пројавениот интерес на евидентираните невработени лица за учество во мерката и обезбедените услови за обука, што значи дека обуките ќе се спроведуваат во секој регион каде има минимум 10 (десет) пријавени и успешно положени кандидати во процесот на прелиминарна селекција.

 

За учество во обука, кандидатот треба да има завршено средно или високо образование, да биде на евиденцијата на невработени лица, да потполни Изјава во рамки на сопствениот Индивидуален план за вработување , дека сака да учествува во обуки за напредни ИТ вештини.

 

Согласно критериумите на објавениот оглас лицата кои веќе учестувале во обуки за напредни ИТ вештини не можат повторно да бидат вклучени во обуките.

 

За кандидатите кои ги исполнуваат критериумите, ќе биде спроведено пред-тестирање од страна на спроведувачот на обуките, и само кандидатите кои успешно ќе го положат ова тестирање ќе се стекнат со право за учество во обуките.

 

Изборот на кандидатите кои ќе учествуваат во обуките ќе се врши единствено од листата на најдобро рангирани кандидати од квалификациониот испит.

 

Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република. Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, предност при изборот ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество.

 

Огласот ќе биде отворен се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.

Обуките ќе се спроведуваат во период од 3 до 6 месеци од денот на формирање на конечните ранг листи вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признат сертификат.

 

Со секој од избраните невработени лица за учество во обуките ќе биде потпишан Договор.

 

Учесниците во обуката кои ќе остварат минимум 70 % присуство на обуката ќе добијат уверение за посетувана обука и ќе можат да полагаат испит за стекнување на меѓународно признат сертификат.

 

Полагањето на испитот за стекнување со меѓународно признат сертификат ќе се спроведе во период од три месеци од завршување на обуките.

 

На корисниците на социјална парична помош за времетраење на обуката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.



Share

Додади коментар