Бербата на грозје започна! Ако денот се познава по утрото тогаш на сите ни е јасно дека оваа ќе биде можеби и нај погубна година за лозарството. На самиот почеток на бербата, цената на сортата Шардоне се намали за 3 денари по килограм во однос на
ланската година.
За вранецот и смедеревката винариите нудат пониски цени и повисоки шеќерни единици во однос на мината година а министерството тактизира надевајќи се дека ќе се постигнат ланските цени за овие сорти на грозје. На состанокот со министерот и винариите од страна на министерството ни беше сугерирано дека не сме биле доволно едуцирани и не сме знаеле да произведеме квалитетно грозје, сакаме да им укажеме дека со ваквиот однос на државата младите не само што нема да се едуцираат за земјоделието туку и сите ќе се иселат од државата.
На тој состанок на министерот со лозаро производителите и винариите беше договорено да оствариме уште една средба со винариите и претставници на министерството најдоцна до денеска (20 август) сепак ние како регионално здружение немаме добиено покана за таква средба. Ги прашуваме надлежните од министерството до каде е најавената средба? Дали чекаат да почниме со интензивна берба и да преговараме со полни приколици на грозје?
Нашиот став како регионално здружение е јасен во однос на цените и тоа 17 денари за вранецот со 19 шеќерни единици и 16 денари за смедеревката со 17 шеќерни единици. Се под овие цени е неприфатливо за нас. Доколку овие цени не се прифатат и доколку и понатаму министерството не заобиколува и не не повика во рок од три дена да седнеме на маса да разговараме на оваа тема, ние тогаш состанокот ќе го оддржиме на локалните и регионалните патишта заедно со народот - пишуваат од Регионалното здружение „Тиквешки лозаро-овоштари“
Додади коментар