Општина Кавадарци деновиве врши обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. Согласно тендерската постапка, специјализираната фирма „Боита инг“ од Скопје ги обновува белите линии кои ги одбележуваат улиците и зебрите на пешачките премини, а со жолта боја се обновуваат линиите што ги означуваат такси стојалиштата.
Освен улците во градот Општината ќе ја обнови патната хоризонтална сигнализација и на локалниот пат Кавадарци-Ресава на делницата од приклучокот со региналниот пат Кавадарци-Прилеп до селото Ресава.
Годинава на 12 локации: крстосници, кружен тек и пешачки премини, на асфалтната подлога најпрвин беше поставена црвена бојаво првоаголна форма којапослужи како основа за нанесување на зебри со бела боја. На овој начин стручните служби од општината започнаа со примена на искуства од странство. Црвената подлога на пешачките премини е со двојна намена, прво како подлога која го продолжува векот на трање на белите линии, а потоа и како дополнителен визуелен ефект кој дава поголема видливост на пешачкиот премин.
Заради побезбедно извршување на работите, фарбањето се врши во ноќните часови кога интензитетот на сообраќајот е минимален. За оваа цел Општината набави 4 тони боја, за што се инвестирани 494.086 денари. За работна рака за фарбање ќе се потрошат 470.000 денари. Општината со новиот приод кон нанесување на бојата очекува продолжен век на користење, а пред се подобрување на безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот - се вели во известувањето од прес службата на општина Кавадарци.
Додади коментар