Обвинителството во Кавадарци предложи парични казни за 28 лица поради непочитување на забраната за движење
24-04-2020 РЕГИОН

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 обвинети во Основниот суд Кавадарци и за 11 обвинети во Основниот суд Неготино, за лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во оддреден временски период, па се движеле пеш низ Кавадарци или Неготино, за време додека во сила бил полицискиот час.

 

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.



Share

Додади коментар