Обвинителството во Кавадарци не работи - сите вработени се во изолација
23-10-2020 РЕГИОН
Од вчера не работи Основното јавно обвинителство во Кавадарци. Сите вработени се во изолација, поради позитивен тест на една вработена.
Дознаваме дека вчера била извршена целосна дезинфекција на просториите, а на влезната врата е поставено соопштение дека обвинителството не работи.
Позитивни на корона вирус има и во други институции во Кавадарци, но она што загрижува е што нивните контакти не се во изолација и слободно доаѓаат на работните места. Континуирано расте бројот на позитивни и во голема компанија во Кавадарци.
А.Д
Додади коментар