Обвинителството во Велес покрена обвинителен акт против триесет и седум годишниот возач кој во мај годинава удри со автомобил во мопедот со кој се превезувал 15 годишниот Никола, син на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и неговото другарче и побегна од местото на незгодата. Истрагата утврдила дека возачот имал 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината.
За време на незгодата наместо со пропишаната брзина од 40 километри на час, возачот на автомобилот возел со 84 километри на час.
Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот законик.
Несреќата се случила на крстосницата помеѓу улиците ,,Гоце Делчев” и ,,Осми Септември” кога на црвено светло навлегол во крстосувањето, при што мопедот со кој се превезувале децата со предното тркало удрил во предната десна врата на автомобилот.
Иако од ударот мопедот со децата паднал и се лизгал на коловозот, при што тие се здобиле со тешки повреди, возачот ги оставил да лежат повредени и не им пружил помош.
Градоначалникот Јанчев вели дека иако поминаа околу шест месеци од случката, рехабилитацијата на децата се уште трае и во иднина ги очекувале уште операции.
Додади коментар