Новогодишни пакетчиња за децата на детско одделение
30-12-2016 РЕГИОН

Грипот масовно се шири. Детското одделение во општа болница Кавадарци е преполно. Дваесетина дечиња се хоспитализирани на одделот. За нив денеска претставници од кабинетот на градоначалникот Александар Панов донесоа новогодишни пакетчиња за да на момент им го развеселат претстојот во болничкиот оддел.

 

Началникот на детско одделение прим. Д-р Лидија Димитрова информира дека обемот на работа деновиве им е зголемен поради грипот. Денеска за време на нашата посета беа хоспитализирани дваесетина деца, а според д-р Димитрова десетина деца ќе бидат задржани на болничко лекување и за новогодишната ноќ.

 

Со новогодишни пакетчиња денеска беа израдувани и децата од специјалната паралелка во ООУ „Страшо Пинџур“ и дневниот центар за лица со посебни потреби. Нив ги посетија претставници на „Фени индустри“ и традиционално донираа новогодишни пакетчиња.

 

A.Д



Share

Додади коментар